More

    Кулеба: Процесот на преговори е многу тежок

    spot_img

    Процесот на преговори е многу тежок, изјави денеска украинскиот министер за надворешни работи Дмитрио Кулеба, додека Москва ги повтори своите барања. Демилитаризација, денацификација и признавање на Крим и Донбас се условите за „сеопфатен договор“ кои ги изнесе шефот на рускиот преговарачки тим, Владимир Медински.

    Во барањата се вклучени и неутралниот статус на Украина и безбедносите гаранции за Русија.

    – Малку е веројатно постигнување договор со Киев без демилитаризација, денацификација, признавање на Крим и Донбас – изјави Медински.

    Тој вели дека руската страна инсистира и на уште некои точки, без кои, исто така, е малку веројатно постигнување на договор.

    Медински посочи, дека и двете страни во преговорите сѐ повеќе се приближуваат во разбирањето на помалку важните прашања, но додаде дека е постигнат ограничен напредок за клучните прашања.

     Неговиот украински колега, Кулеба, исто така е со цврсти ставови.

    – Украинската делегација зазеде цврст став и не отстапува од своите барања. Ние инсистираме, пред сè, на прекин на огнот, безбедносни гаранции и територијален интегритет на Украина – истакна Кулеба.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img