More

    Кулеба и Дендиас почнале во канцеларија, но засвиреле сирените

    spot_img

    Русија може да лансира колку проектили и да сака, може во Украина да испраќа војска што ја мобилизира од затворите, но ние ќе победиме, порача министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба, по средбата со неговиот грчки колега Никос Дендиас за време на прес конференцијата во Киев, која поради сирените се одржа во скривница, јави дописничката на МИА од Атина.

    Кулеба објасни дека тет-а-тет средбата и разговорите со Дендиас ги започнале во неговиот кабинет во Министерството за надворешни работи на Украина, меѓутоа поради сирените биле принудени да се симнат во подрум и истакна дека продолжувањето на разговорите и прес конференцијата во скривницата е еден вид порака и има симболично значење.

    Шефот на украинската дипломатија му се заблагодари на Дендиас, како за хуманитарната, така и на воена помош, велејќи дека оклопните возила од Грција, денеска пристигнуваат во Украина „за да може земјата да го брани нејзиниот интегритет”, а на средбата, го покренал и прашањето за системите за противракетната одбрана на земјата.

    Дендиас рече дека неговата посета има и симболика, за да ја изрази солидарноста на грчката Влада и грчкото општество за Украина и украинскиот народ, истакнувајќи дека Грција ги осудува нападите „кои претставуваат воени злосторства”.

    Потенцираше дека за Грција, „почитувањето на меѓународното право, на територијалниот интегритет и суверенитет на сите земји е „светото Евангелие” на надворешната политика”.

    – Никој не може да ве разбере подобро од Грците. Затоа што и Грците имаат голем сосед на исток. Сосед кој издаде закана од војна, „casus belli”, против нас. Сосед кој повикува на демилитаризација на нашата територија, додека собира големи сили веднаш спроти нашите граници. Сосед кој незаконски тврди дека дел од нашата територија е нивна. Сосед кој постојано кажува дека може да дојдат ненадејно ноќе. Сосед кој вели дека доколку не се поклониме пред неговите желби, ќе ја имаме судбината на Украина, истакна Дендиас и порача дека победата на Украина ќе значи победа на меѓународното право против бруталната сила – рече грчкиот министер за надворешни работи.

    Двајцата министри на денешната средба потпишаа Меморандум за разбирање во областа на дипломатската обука.

    Пред средбата во украинското МНР, Кулеба и Дендиас го посетија споменикот на паднатите борци, каде што шефот на грчката дипломатија положи свежо цвеќе.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img