More

    Кулеба зборува за членството во Унијата и за европските вредности

    spot_img

    Украина летово очекува да добие статус на кандидат за членство во Европската унија, а одбивањето ќе го смета за измама од Европа, изјави украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба во интервју за Фајненшл тајмс.

    – Доколку не добиеме кандидатски статус, тоа значи само едно – дека Европа се обидува да нѐ измами. И ние тоа нема да го проголтаме – рече Кулеба.

    Тој нагласи дека Украина во моментов е единственото место во Европа каде што луѓето гинат за вредностите на кои се заснова Европската унија.

    – Мислам дека тоа треба да се почитува – истакна Кулеба.

    Додека војната се разгорува, денешниот ден беше одбележан уште од една вест, дека САД активираат закон од Втората светска војна за специјална воена помош за Украина. Според Володимир Зеленски, законот е „историски“.

    „Благодарен сум на американскиот претседател Бајден и на народот за поддршката во борбата за нашата слобода и иднина. Потпишувањето на законот е историски чекор. Уверен сум дека повторно ќе победиме заедно и ќе ја зачуваме демократијата во Украина и Европа. Исто како пред 77 години“, напиша Зеленски на Твитер.

    Американскиот претседател Џо Бајден вчера потпиша закон за обновување на програмата позната како „Lend-Lease “ од 1941 година, која ќе овозможи побрзо испраќање оружје, воена опрема, лекови и производи во Украина. Потпишаниот документ „Закон за заем за одбрана на демократијата на Украина од 2022 година“,  се заснова на програма од Втората светска војна, чија цел беше да ѝ помогне на Европа да се спротивстави на Хитлер.

    – Украинците секој ден се борат за своите животи – изјави Бајден додавајќи дека „таа борба е скапа, но попуштањето пред агресијата би било уште поскапо“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img