More

    Кувајт си поигрува со правата на своите граѓанки

    spot_img

    Жените во Кувајт мораат да добијат дозвола од мажите ако сакаат да одат во војна, а дури и да ја добијат тие ќе се борат без оружје, одлучила војската. Ова многу ги налути активистите кои одлуката ја опишаа како „еден чекор напред, два назад“. Покрај тоа, Министерството за одбрана одлучи и жените во армијата, за разлика од цивилите, да мора да носат шамии за покривање на главите.

    Министерството во октомври им дозволи на жените да се вклучат во борбени улоги. Но, потоа беа наметнати ограничувања, откако министерот беше критикуван од страна на конзервативниот пратеник Хамдан ал-Азми.

    Според Азми, жените да извршуваат борбени улоги „не се совпаѓа со нивната женска природа“.

    Кувајтските жени добија право да гласаат во 2005 година. Оттогаш се активни и во кабинетот и во Парламентот, иако ги има малку и на двете места. Месецов, десетици жени од Кувајт протестираа против откажувањето на часовите по јога за женски лица, бидејќи конзервативците ги сметале за „непристојни“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img