More

    Кристина Крлеска Деспотоска и нејзиниот политички и ментален Гуру Константин Георигески да одговорат колку нивната „Љубов“ ги чини граѓаните на Охрид

    spot_img

    Кристина Крлеска Деспотоска откако експресно залута во претседателските води, експресно се изглупира, па така во наплив на политичка еуфорија набилдана со дезинформации од нејзиниот политички и ментален Гуру Константин Георигески, го повика градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков да му дадел на народот објаснување зошто биле издвоени додатни 50 милиони денари за реконструкција на Булевар „Македоснки просветители“?!

    ПРОЕКТОТ ФАЛИЧЕН ЗАТОА ШТО ПРОЕКТАНТОТ БИЛ МРТОВ???

    СДСМ Охрид и претседателката во најава Кристина Крлеска Деспотоска наместо да лиферуваат во јавноста соопштенија и да го прашуваат Пецаков зошто Општината троши додатни 50 милиони народни пари, Крлеска Деспотоска ваквото прашање треба да му го постави на нејзиниот политички и ментален Гуру Константин Георигески, но еве и зошто:

    1. Идејниот проект за реконструкција на ул Булевар Македонски просветители во Охрид го изготвила фирмата Астрекс ДООЕЛ Скопје. Истиот идеен проект кој го изготвил проектант од оваа фирма имал низа на недостатоци, поточно целосно бил фаличен, но тогашниот градоначалник на Охрид Константин  Георгиески во предизборна политичка еуфорија го прифатил, само него од познати причини?!

    Во проектот воопшто не било предвидено поставуње на улично осветлување вдолж улицата „Македонски просветители“, односно за Константин Георгиески и за Кристина Крлеска Деспотоска оваа сообраќајница треба да наликува на мрачна зона која ќе одбележи некое време на владеење на Георгиески и на СДСМ Охрид – зона на самракот.

    Воопшто во проектот не предвиделе поставување на подземна инфраструктура во смисол на канализациона водоводна мрежа поставување на други неопходни електрични водови неопходни за функционирање на еден град, но не предвиделе ниту дислокација на високо напонски кабел в долж целата траса?!

    Исто така во идејниот проект воопшто не е решен делот на паркинг простор на возилата, начинот на наплата – смарт систем, не е предвидено Ниту пристап на лица со посебни потреби до коловозот и до пешачката зона, и воопшто не е предвиден паркинг простор за лица со посебни потреби, зошто?

    Во проектот не било воопшто предвидено хортикултурното уредување на булеварот „Македонски Просветители“, како и набавка на поставување на 200 садници. Исто така во проектот воопшто не било предвидено ниту ни поставување на бетонско армирани подлоги на четири клучни места каде „Македонски просветители“ се дели со други додатни приклучни коловози. Кога ќе се собере од погоре се прикажаното доаѓаме до заклучок дека работењето на СДСМ во време на Константин Георгиески зад себе оставило низа криминални дивјаци за кои ќе мора Јавното Обвинителство за гонење на криминал и корупција да поведе истрага како се пљачка охридскиот народ.

    Општина Охрид ваквите глупави на Георгиески сега ќе мора да ги плати со додатни 50 милиони денари, забави за кои основано се сомневаме дека биле намерни пропусти за да прават анекс договори како што тоа го правеле во минатото.

    Дали Кристина Крлеска Деспотоска и нејзиниот политички и ментален Гуру Константин Георигески ќе имаат доблест да излезат пред јавноста јавно да одговорат колку нивната „Љубов“ ги чини граѓаните на Охрид.

    Сашо Денесовски – лично

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img