More

    Криминалните групи ја користат Албанија како база за шверцот со дрога

    spot_img

    Албанија е земја на канабис и локална база за организираните криминални групи кои пренесуваат дроги, од нивните земји на потекло, до европските пазари.

    Ова е оценката во годишниот извештај на американскиот Стејт департмент за меѓународнара стратегија за контрола на трговијата со наркотици.

    Според извештајот, на кој се повикуваат албанските медиуми, канабисот произведен во Албанија се „транспортира во Турција и се разменува за хероин и кокаин, што се шверцуваат низ Европа од албански нарко дилери“, за кои се проценува дека „играат голема улога во меѓународните мрежи за трговија со наркотици и организиран криминал“.

    Исто така Албанија се смета за „клучен елемент на балканската рута на трговија со дрога во Западна Европа и Обединетото Кралство“, додека се забележува дека албанските организирани криминални групи се присутни во САД, Велика Британија и во цела Европа, како и во Јужна Америка, вклучувајќи ги Еквадор, Колумбија и Перу.

    Албанските нарко групи се проценува дека го прошириле своето присуство во целиот синџир на трговија од купување, транспорт, дистрибуција до продажниот синџир во Европа, Обединетото Кралство и САД.

    -Албанските власти забележале зголемување на заплените на кокаин во пристаништето Драч во 2021 година, главно во пратки со банани од Еквадор, а албанските сили за спроведување на законот учествувале во неколку операции за спроведување на законот во многу земји во 2021 година, во кои се уапсени и албански граѓани, меѓу другите, во Грција, Италија, Шпанија и Холандија – се наведува во извештајот.

    Во извештајот се споменува и соработката со американските колеги за апсење и заплена на пратки на наркотици и лаборатории за преработка на дрога во Албанија, или заплена на средства во Албанија, поврзани со меѓународна трговија со дрога.

    Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал, СПАК, се проценува дека „регистрирало одредени успеси во 2021 година, вклучително и апсење на 38 лица, вклучително и обвинител и неколку високи полициски службеници, како дел од големата меѓународна истрага за трговија со наркотици“.

    -Релативно слабото владеење на правото, корупцијата и високата невработеност се главните двигатели на феноменот на дрога во Албанија. Насилниот криминал во Албанија често е поврзан со организираниот криминал, и не ретко судии, обвинители, полицијата и новинарите се предмет на закани – стои во извештајот.

    Во извештајот се забележува дека „албанските организирани криминални групи продолжуваат да перат пари во Албанија и придонесуваат за корупција во земјата.

    -Албанија мора да продолжи со напорите за реформи во правосудството, да ги зајакне регулативите и надзорот против перење пари и да работи на елиимнирање на влијанието на организираниот криминал врз власта и општеството – тврдат од американскиот Стејт департмент.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img