More

    Кремљ испрати директна закана до моќна членка на ЕУ и на НАТО

    spot_img

    Пратеникот во Државната дума на Русија, Олег Морозов на својот профил на Телеграм предложи „Полска да биде следна во редот за денацификација по Украина“.

    Морозов е член на Вишиот совет на партијата Единствена Русија и пратеник во Думата. Изјавата доаѓа откако руските власти во петокот ги блокираа сметките на полската амбасада во Москва.

    Високиот руски функционер напиша дека потенцијалната воена операција против Полска ќе биде одговор на изјавата на Варшава дека Русија е „канцероген тумор“.

    – Со своите изјави за Русија како „канцероген тумор“ и за „отштетата што треба да и ја платиме на Украина“, Полска нѐ охрабрува да ја ставиме на прво место за денацификација по Украина – напиша Морозов на Телеграм.

    Руските власти ги блокираа сметките на полската амбасада во Москва како одмазда за осудата и санкциите. Директната воена закана на Државната дума кон Полска следеше откако полскиот премиер Матеуш Моравјецки во напис за британски Телеграф изјави дека го смета рускиот свет „рак кој претставува смртна закана за цела Европа“.

    Тој додаде дека, според неговото мислење, земјата треба да биде „искоренета“.

    Моравјецки во својата статија го спореди Владимир Путин со Адолф Хитлер или Јосиф Сталин и рече дека тој е поопасен од нив, поради напредното оружје со кое располага.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img