More

    Кремљ: Испораката на германски тенкови во Украина нема да донесе ништо добро

    spot_img

    Испораката на тенкови „Леопард“ од германско производство во Украина не ветува добро, предупреди Кремљ, бидејќи се зголемува притисокот врз Берлин да одобри испраќање на оружјето во Киев.

    „Ваквите испораки нема да донесат ништо добро за руско-германските односи“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додавајќи дека тоа „ќе остави неизбришлива трага“.

    Денеска Полска побара од Германија дозвола да ги испрати своите тенкови Леопард 2 од германско производство во Украина.

    Варшава претходно соопшти дека е подготвена да испрати 14 тенкови во Киев како дел од меѓународната коалиција, но се соочи со неподготвеност од Берлин, кој е под зголемен притисок да ги одобри испораките.

    Варшава соопшти дека разговара со околу 15 земји од меѓународната коалиција на оваа тема, бидејќи голем број европски армии ги имаат овие тенкови, што може да има значително влијание врз украинскиот конфликт.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img