More

    Кралицата Елизабета ја напушта Бакингемската палата

    spot_img

    Кралицата Елизабета Втора (95) нема да се враќа во Бакингемската палата, туку одлучи да го прогласи замокот Виндзор за своја официјална резиденција, каде што ќе живее и ќе ги извршува своите должности.

    Британската кралица отсега има намера поголемиот дел од работата да ја извршува од дома, а во замокот Виндзор ќе прима и официјални посети. Поради влошената здравствена состојба, кралицата ќе се откаже и од повеќето службени патувања, кои отсега ќе ги извршуваат нејзините наследници.

    Кралицата живееше во замокот Виндзор поголемиот дел од времето во последните две години, откако започна пандемијата на коронавирусот, и таму таа и принцот Филип ги поминаа последните моменти од неговиот живот.

    Се чини дека кралицата сака да поминува што повеќе време на местото каде што била најсреќна и ги поминала последните моменти со својот сакан сопруг.

    „Виндзор е нејзиното омилено место. Таа ги создаде најубавите спомени со Филип, таму се нејзините животни, а остатокот од семејството живее во близина. Затоа нејзината одлука има смисла”, рекол кралскиот новинар Хуго Викерс.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img