More

    Коњот што беше врзан во стан во напуштена зграда во скопската населба Дебар Маало, е згрижен и однесен во Зоолошката градина во Скопје

    spot_img

    Коњот што беше врзан во стан во напуштена зграда во скопската населба Дебар Маало, е згрижен и однесен во Зоолошката градина во Скопје. Откако граѓани го виделе коњот на тераса, пријавиле во полиција, а надлежни служби од МВР, вработени во ЗОО и инспектор од Агенцијата за храна и ветеринарство излегле на терен и го спасиле животното.

    – Вчера на неколку портали беше објавено дека во Дебар Маало има коњ на тераса од стан во напуштена зграда, а полицијата добила и неколку пријави од граѓани. Колегите од Скопје ЗОО, заедно со директорот Кристијан Стаменов, МВР и инспектор на АХВ излегоа на терен и ја започнаа спасувачката мисија на коњчето кое за жал било врзано во руинираниот објект и оставено без храна и вода. Доцна вечерта коњот беше пренесен во Скопје ЗОО каде што ќе му обезбедиме ветеринарна грижа и најдобра нега – велат од скопската зоолошка.

    Од ЗОО апелираат да не се измачуваат овие животни и бараат што поскоро да се направи план за што поголема благосостојба на коњите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img