More

    Кој натпревар го гледаше Премиерот Димитар Ковачевски на Националната арена „Тодор Проески“,пиши – бриши коментари?!

    spot_img

    Премиерот Димитар Ковачевски на социјалната мрежа фејсбук сподели дека денеска бил на Националната арена „Тодор Проески“ и го следел пријателскиот натпревар меѓу Македонија и Азербејџан, при што на нашите репрезентативци им честиташе за добрата игра и за добрите резултати, но по критиките од јавноста, тој го промени статусот и ги избриша коментарите.

    – Огромно задоволство беше денеска да се навива за нашата фудбалска репрезентација на натпреварот со Азербејџан. Честитки и од мене и од мојот син за целата екипа, за пожртвуваната игра – стои во обновената објава на Ковачевски.

    На објавениот пост на Ковачевски на Фејсбук може да се забележи дека има повеќе коментари, но кога ќе ги отворите се гледа дека се помалку, а тоа значи дека дел од нив се избришани, како некои од оние кои гласеа вака:

    „Кој натпревар го гледаше?“, пишуваше во еден од коментарите, кој сега го нема повеќе.

    „Каква одлична игра, нашите изгубија со 1:3“, стоеше во друг коментар.

    Инаку македонската фудбалска репрезентација загуби од Азербејџан со 3:1 попладнево во Скопје во пријателски фудбалски натпревар.

    Иако избраниците на селекторот Благоја Милевски први дојдоа во водство со голот на Енис Барди од пенал во 25. минута, до крајот на натпреварот три пати ја вадеа топката од својата мрежа.

    Стрелци за Азербејџан беа Кафаргулиев (38.минута), Курбанли (65) и Шејдајев (89).

    Двете репрезентации натпреварот го завршија со фудбалер помалку поради исклучувањата на Бобан Николов во 52. и Хојат Хагверди во 75. минута.

    Пред три дена „црвено-жолтите” одиграа нерешено 1:1 со Финска, исто така на Национална арена „Тодор Проески” во Скопје.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img