More

    Кој му спрема државен удар на украинскиот претседател?

    spot_img

    Обид за државен удар против украинскиот претседател Володимир Зеленски е вистинската позадина на „чистката“ што Зеленски ненадејно ја изврши во врвот и структурите на безбедносниот апарат и обвинителството под обвинението дека се откривани државни и воени тајни на руската страна, пишува денеска италијанскиот весник Република (La Repubblica).

    Во прашање бил и „план на безбедносниот апарат координиран со Москва за радикална промена на власта во Киев и смена на Зеленски од врвот на државата“, додава римскиот весник, пренесува Бета.

    Многу медиуми во Европската унија (ЕУ) внимателно ја следеа веста дека Зеленски го разреши шефот на украинската служба за безбедност, неговиот долгогодишен пријател Иван Баканов, како и државната обвинителка Ирина Венедиктова.

    Францускиот весник „Монд“ исто така пишува дека украинскиот претседател „почнал лов по соработници и предавници“ кои биле обвинети дека во најмала рака не знаеле за соработката и велепредавството на нивните подредени во корист на рускиот окупатор“, што сега „ја зајакна позицијата на ’сивата еминенција‘ во Киев Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот претседател“.

    Шпанскиот дневен весник Паис (Ел Паис) од Киев јавува дека „над главата на сменетиот шеф на безбедноста Баканов виси Дамоклов меч од почетокот на руската офанзива, а Зеленски целосно ја изгубил довербата во него кога украинскиот град Херсон падна во руски раце, а украинските сили не беа во можност да ја проценат и да се спротивстават на рускиот продор“.

    Зеленски, додава мадридскиот весник, претходно смени некои клучни генерали на командни позиции и врвот на воената разузнавачка служба.

    За општиот заплет во Украина да биде уште покомплициран, зборува и, според Паис, вистинскиот политички земјотрес предизвикан во Киев од страна на американската сенаторка Викторија Спарц, која во писмо до претседателот Џозеф Бајден побара да се истражат можните импликации на моќниот шеф на Кабинетот и најдоверливиот човек на Зеленски, Андриј Јермак, поради неговата наводна поврзаност со Москва.

    Во писмото до Бајден, американската конгресменка тврди дека Јермак протекол информации во Белорусија, што било отфрлено од украинското Министерство за надворешни работи и од владејачката Демократска партија.

    На 9 јули Зеленски ги отповика и ги смени украинските амбасадори во Германија, Унгарија, Чешка, Норвешка и Индија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img