More

    Кошаркарката Грајнер разменета за трговецот со оружје Виктор Бут

    spot_img

    Бритни Грaјнер, кошаркарка во Националната кошаркарска асоцијација за жени (ВНБА), која беше држена со месеци во руски затвор, обвинета за поседување наркотички средства, е ослободена денеска во размена на затвореници меѓу САД и Русија, за меѓународниот трговец со оружје Виктор Бут, јавија дел од американските медиуми.

    – Предмалку зборував со Бритни Грaјнер. Таа е на безбедно. Таа е во авион и си оди дома – напиша претседателот Џо Бајден на Твитер.

    Администрацијата на Бајден беше под голем притисок да обезбеди ослободување на Грејнер. Ова се смета за делумен, но барем некаков успех по повеќемесечните преговори со Москва. Многумина се надеваа дека Бут ќе биде разменет за двајцата Американци, Грејнер и ексмаринецот Пол Вилан, осуден за наводна шпионажа во Москва кој веќе четири години е во затвор, но Русите сепак се држеа до формулата „еден за еден”.

    Очигледно, Грaјнер имала предност.

    Од Белата куќа изјавија дека претседателот зборувал со неа од овалната соба, придружен од нејзината сопруга Черил Грaјнер, потпретседателката Камала Харис и државниот секретар Ентони Блинкен.

    Договорот за размена на затвореници бил финализиран минатата недела, размената се извршила во Обединетите Арапски Емирати.

    За да осигура ослободување на Грајнер, претседателот нареди Бут да биде ослободен и вратен во Русија. Бајден потпиша уредба за помилување со што ја скрати 25 годишната затворска казна на Бут, осуден за заговор за продажба на оружје на лица кои имале планови да убиваат Американци.

    Русинот Бут е познат и како „трговец со смртта”, а неговиот лик го одглуми актерот Николас Кејџ во холивудскиот филм „Господар на војната”.

    Грајнер беше задржана на московскиот аеродром „Шереметјево“ во февруари, откако службените лица во патната торба и најдоа масло од канабис. Оваа супстанца се смета за наркотичко средство и е забранета во Русија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img