More

    Кошаркарите на Полска обезбедија пласман меѓу осумте најдобри репрезентации на Европското првенство во Германија

    spot_img

    Кошаркарите на Полска обезбедија пласман меѓу осумте најдобри репрезентации на Европското првенство во Германија, откако попладнево во осминафиналето ја совладаа Украина со 94-86.

    Противник на Полска во четвртфиналето ќе биде актуелниот европски првак Словенија, која вчера ја совлада Белгија со 88-72.

    Попладнево на програмата се преостанатите три осминафинални натпревари меѓу Хрватска – Финска, Србија – Италија и Грција – Чешка.

    Четвртфиналните дуели се на програмата на 13 и 14 септември, полуфиналињата на 16 септември, додека натпреварот за третото место и финалето ќе се играат на 18 септември.

    Со четири пресметки денеска на Европското кошаркарско првенство во Германија ќе се комплетира осминафиналната фаза.

    Програмата ја отворија Украина и Полска, по што следуваат дуелите Хрватска – Финска (14:45), Србија – Италија (18) и Грција – Чешка (20:45).

    Пласман во четвртфиналето вчера обезбедија Шпанија, Франција, Словенија и домаќинот Германија.

    Шпанија по продолженија беше поуспешна од Литванија (102-94), а по продолженија и Франција ја совлада Турција (87-86).

    Актуелниот европски првак Словенија триумфираше над Белгија(88-72), додека Германија ја совлада Црна Гора (85-79).

    Сите натпревари во нокаут фазата се играат во Берлин. 

    Четвртфиналните дуели се на програмата на 13 и 14 септември, полуфиналињата на 16 септември, додека натпреварот за третото место и финалето ќе се играатр на 18 септември.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img