More

    Косово постави шест услови за формирање на ЗСО

    spot_img

    Премиерот на Приштина, Албин Курти, денеска на седницата на Собранието во Приштина презентираше шест услови за формирање на Заедницата на српски општини (ЗСО), пренесува косовски Репортер.

    1. ЗСО мора да биде во согласност со уставот и законите на Косово.

    2. ЗСО не може да биде еднонационална, мора да го смени името и да служи само за хоризонтална соработка на општините.

    3. Правата на националните малцинства и соодветните заштитни механизми треба да го зајакнат принципот на реципроцитет меѓу, како што наведе, „двете држави“ и да ги земат предвид европските стандарди и модели.

    4. Пред формирањето на ЗСО, мора да се изгаснат „нелегалните структури на Србија на север“, како што наведе тој, и да се предаде целото нелегално оружје.
    5. ЗСО мора да биде дел од конечниот договор и да се спроведува по, како што вели, „заемното признавање“.

    6. Услов на Курти е претседателот на Србија да ги повлече писмата испратени до највисоките функционери на петте земји членки на ЕУ кои не ја признаваат самопрогласената независност на Косово, во кои бара тие држави да не ја прифатат апликацијата на Приштина за членство во ЕУ.

    Од друга страна, САД и ЕУ постојано бараат што поскоро да се формира Заедницата на општините со мнозинско српско население, се вели во написот на косовски Репортер.

    Истовремено, денеска во српското Собрание претседателот Александар Вучиќ изјави дека „Приштина не сака да ги формира ЗСО, туку сака само конфликт“. Неговата изјавата пак, дека „ не можеме да го сопреме Косово во меѓународните институции“, во врска со германско-францускиот предлог беше дочекана со гнев во Собранието каде опозицијата со транспаренти скандираше „Вучиќ предавник“.

    Американскиот амбасадор Кристофер Хил во интерјву за Н1 неодамна изјави дека Србија веќе го избрала Западот, алудирајќи на новиот германско-француски предлог за Косово.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img