More

    Короната опасно се заканува?!

    spot_img

    „Ситуацијата излегува од контрола. Не можеме глава да кренеме од пациенти со ковид-19. Бројките на заразени што секојдневно ги соопштува Министерството за здравство се смешни. Верувајте, немаме време ни за пауза, ни за квалитетен сон. Постојано сме на работа.“

    Ова за Плусинфо го тврди матична лекарка од реонот на Ѓорче Петров. Според неа, очигледно сè уште не сме ја научиле лекцијата. Таа вели дека термини за тестирање нема доволно, па многу пациенти одлучуваат да ја прележат болеста без да влезат во официјалната статистика.

    – А знаете што е чудно? Чудно е тоа што сега, за разлика од претходните корона-бранови, пациентите се крајно исцрпени. Имаат висока температура, обично околу 40 степени и страшна дијареја. Доаѓа крупен човек на преглед во понеделник, а веќе до следниот петок се стопил. И ликот му се менува, како да бил во Аушвиц – објаснува лекарката.

    За неговата ковид-состојба ни посведочи и скопјанецот Бранко, кој иако вакциниран со две дози и еднаш прележан, повторно се инфицирал.

    – Почувствував малаксаност и мало гребење на грлото. Веднаш измерив температура и покажа 37,7. Не помислив дека повторно е ковид-19, но сопругата инсистираше да направам тест. Ми купи од тие што се продаваат во аптека и излезе дека сум позитивен. Веднаш го контактирав матичниот лекар, му објаснив сè, но сликата не беше загрижувачка и ми препорача да ја земам терапијата од претходно. И еве, се лекувам – вели тој.

    За зголемениот број прегледи на лица заболени со коронавирус нè информираше и директорката од Клиниката на инфективни болести, д-р Милена Стевановиќ.

    – Бројот на новоинфицирани расте, а со тоа и бројот на пациенти што се јавуваат кај нас во Клиника, за преглед. Има пациенти кои се со лесна клиничка слика, но има и такви со потешка, кои се задржуваат во болницата. Во моментов имаме 13 лица кои се хоспитализирани, а засега дневно прегледуваме околу 35 пациенти. Бројката не е застрашувачка како во претходните бранови, но треба да бидеме подготвени. Сè уште не знаеме дали е пристигната некоја од подваријантите на омикрон. Лицата кои пристигнуваат кај нас се главно невакцинирани, а поголем дел од вакцинираните се имунизирани лани – вели д-р Стефановиќ.

    Директорката на Инфективна потенцира дека пациентите задолжително прво да се јават на преглед кај своите матични лекари, а не само на телефонска консултација. Таа уште еднаш упати препорака до населението да се вакцинира, затоа што смета дека мораме да сите да бидеме сериозни и одговорни.

    Раководителката на Итната медицинска помош (ИМП) при Здравствен дом Скопје, д-р Милица Бубало, вели дека е зголемен бројот на повици од лица кои се заболени со ковид-19. Лицата со зголемена температура треба да ги контактираат матичните лекари, а доколку е викенд, има дежурни амбуланти каде што може да побараат помош.

    – Јас ја разбирам вознемиреноста кај граѓаните, но сметам дека треба да има разбирање и од нивна страна, дека за зголемена телесна температура не треба веднаш да се бара возило на брзата помош. Наша примарна задача е да интервенираме кај лица со акутна состојба, како мозочен или срцев удар, или при некоја незгода, па затоа секогаш даваме приоритет на овие лица кои не се во состојба самите да си помогнат – вели д-р Бубало.

    Таа нагласува дека кој било пациент да се јави во Итната медицинска помош, а има зголемена температура, му се препорачува да се јави кај матичниот лекар, да се пијат многу течности и витамини, лицата да се изолираат со цел да не се шири вирусот, а доколку има влошување на состојбата, пациентите да се јават на лекар.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img