More

    Кон американскиот конзулат во Ербил, северно од Ирак, утринава биле испукани 12 балистички проектили

    spot_img

    Кон американскиот конзулат во Ербил, северно од Ирак, утринава биле испукани 12 балистички проектили, соопштија локалните власти.

     

    Во нападите нема жртви, но причинета е материјална штета. Не се наведува колку е оштетен објектот на американскиот конзулат. Како што пренесе новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на американски официјален претставник, нема жртви на американската војска во нападот.

    Ракетите, според изјавите на официјални лица, биле испукани вон границите на Ирак и Курдистан.

    Американските сили стационирани на меѓународниот аеродром во Ербил и претходно беа цел на ракетни напади, за кои американските власти ги обвинија проиранските милициски групи, но такви напади не беа пријавени во последните месеци.

    Ербил е главен град на автономниот курдски регион Ирак. Засега не се знае кој ги испукал проектилите.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img