More

    Конфликтот во Украина во фокусот, но и енергенсите

    spot_img

    Лидерите на Велика Британија, Италија, Франција, Германија и САД денеска во телефонски разговор ја повторија потребата да се поддржат руско-украинските разговори во обид да се воспостави примирје во Украина, соопшти прес-службата на италијанскиот премиер Марио Драги.

    – Петте лидери ја повторија важноста од тесна координација во обезбедувањето помош за украинското население и властите, со посебен акцент на обезбедувањето хуманитарни коридори и поддршка за бегалците. Тие, исто така, го делат мислењето за потребата за поддршка на тековните преговори меѓу Русија и Украина и обезбедување прекин на огнот што е можно поскоро – се наведува во соопштението.

    Се додава дека за време на телефонскиот разговор лидерите разговарале и за прашањето за диверзификација на снабдувањето со енергенси.

    Во соопштението на Белата куќа за телефонскиот разговор на Бајден со сојузниците се вели дека тие зборувале за напорите да се обезбеди хуманитарна помош за милиони луѓе погодени од насилство во Украина и оние кои бараат засолниште во други земји.

    – Тие, исто така, разговараа за важноста на поддршката не стабилни енергетски пазари во светлината на сегашното нарушување поради санкциите, се вели во соопштението на Белата куќа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img