More

    Констракта со посебен стајлинг на плажа

    spot_img

    Српската пејачка Ана Ѓуриќ Констракта, иако со месеци беше под будното око на јавноста поради учеството на Евровизија, по завршувањето на овој фестивал значително се повлече.

    Како што самата рекла, таа едвај чекала да му се врати на „мирното секојдневие“ по Евровизија.

    Имено, Ѓуриќ сега на Инстаграм објави фотографија од плажа, облечена во црно од глава до пети, додека две девојки во бикини лежат покрај неа.

    Пејачката уште еднаш покажа дека е посебна и предизвика лавина позитивни коментари.

    – „Констрaкта повторно ја откри тајната за здравата коса на Меган Маркл“, „Oдржа лекција на сите овие пејачки кои се сликаат голи, а потоа се чудат зошто никој не ги доживува како уметници“, „Уметницата мора да биде облечена на плажа “, „Како таа ме воодушевува секој пат, па чудо е“ – се нижеле коментари на Твитер.

    Да потсетиме, Ана Ѓуриќ Констракта го привлече вниманието на публиката со петтото место на овогодинешната Евровизија со песната „In Corpore Sano“.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img