More

    Компанијата  Мета планира да почне со масовни отпуштања во текот на оваа недела

    spot_img

    Компанијата  Мета планира да почне со масовни отпуштања во текот на оваа недела. Американските медиуми објавија дека веќе утре би можело да биде објавен планот за намалување на работните места.

    Извршниот директор на компанијатта Марк Закерберг  откако ги виде разочарувачките резултати на Мета во третиот квартал, изјави дека бројот на вработени може да се намали.

    – Во 2023 година нашите инвестиции ќе ги фокусираме на мал број области со висок приоритет на раст – рече тој.

    Закерберг рече дека очекува некои тимови „да останат или да се намалат“ во текот на следната година.

    – Севкупно, очекуваме да завршиме во 2023 година или како организација со приближно иста големина или дури и малку помала отколку што сме денес – рече тој.

    Платформите поддржани од реклами, како што се Facebook и Google на Alphabet, страдаат од намалување на буџетот на огласувачите додека се борат со инфлацијата и зголемувањето на каматните стапки.

    Мета има околу 87.000 вработени низ светот на различни платформи, кои вклучуваат Facebook, Instagram и WhatsApp.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img