More

    Коморскиот инвестициски форум на саемот во Мостар

    spot_img

    Ко-претседателот на Коморскиот инвестициски форум (КИФ), Бранко Азески, и потпретседателката на Стопанската комора на Северна Македонија, д-р Елена Милевска Штрбевска, се домаќини на 23 Меѓународен бизнис саем што се одржува во Мостар, заедно со претседателот на Надворешно-трговската комора на Босна и Херцеговина, Ахмет Егрлиќ.

    Ова е втора саемска манифестација (после Саемот во Тирана што се одржа во декември минатата година) на која стопанските комори од регионот од шесте земји на Западен Балкан имаат заеднички настап, преку Коморскиот инвестициски форум – КИФ). Мостарскиот саем е една од најпрестижните манифестации во регионот и секоја година собира најголем број бизнисмени, премиери и претставници на сите важни институции од регионот. Во разговорите со претставниците на КИФ и на Коморите, со оглед на актуелниот момент на мултикриза, се разговараше за интензивирање на регионалната соработка, која е реален одговор на потребата за намалување на нивниот негативните ефекти врз работата на компаниите. Штандот на коморите и на КИФ го посети и г-дин Сташа Кошарац, министер за надворешна трговија и економски односи на БИХ.

    Оваа година на Мостарскиот саем учествуваат 39 компании од земјите на Западен Балкан, меѓу кои и четири македонски компании, а за нивното учество трошоците се покриени од страна на КИФ.

    Вчера во Сараево претседателот Азески и потпретседателката Милевска Штрбевска имаа разговори со раководството на Надворешно-трговската комора на БиХ – партнер на Стопанската комора на Северна Македонија во сите регионални проекти. Во разговорите се прецизираа обврските за наредниот период, кој ќе помине во силен налет на кризата и ќе остави последици врз бизнисите кои ги претставуваат.

    Вкупната трговска размена на Северна Македонија со Босна и Херцеговина во 2021 година изнесува 194,2 милиони долари, со раст од 18 % споредено со 2020 година. Извозот изнесува 112,3 милиони долари, со раст од 24%, додека увозот изнесува 81,8 милиони долари, со раст од 11% во споредба со минатата година. Истиот тренд на трговска размена се задржува и во 2022 година, а најзастапени производи во извозот се лекови, цевки, месни преработки, вино, конзервиран зеленчук и електрични акумулатори, додека во увозот од БиХ се млекото и млечните производи, месни преработки, слатки, и производи од дрвната индустрија.

    Коморскиот инвестициски форум е основан како асоцијација на шесте национални комори од регионот на Западен Балкан, со цел да се интензивира регионалната економска соработка и да се покренуваат заеднички активности кои се од интерес за бизнис-заедницата од регионот. КИФ претставува повеќе од 350.000 компании од регионот на Западен Балкан, претежно мали и средни претпријатија, настојувајќи да отвори нови можности за посилно вмрежување на деловните заедници во регионот преку отстранување на преостанатите пречки за развој на регионалната економска соработка и подобрување на деловната и инвестициската клима на пазарите во регионот на Западен Балкан.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img