Комичарот Дејв Шапел беше нападнат на сцената за време на настап во вторникот вечерта, пред луѓето кои присуствуваа на шоуто, а снимката брзо се најде на социјалните мрежи.
Неколку учесници на настанот објавија видео од инцидентот, на видеото се гледа како на Шапел на сцената му пришол човек од десната страна и се обидел да го фати.
Се гледа дека напаѓачот го одвлекува обезбедувањето.
Шапел се обидел да остане присебен и продолжил да се шегува: „Тој беше транс маж“, а шегата била референца за актуелната полемика околу некои комичарски шеги кои беа протолкувани како трансфобични.
Имено, тој бил нападнат од 23-годишниот Исаја Ли.
Носел лажен пиштол во кој имал нож и успеал да го собори Шапел. Потоа се обидел да побегне, но бил спречен од обезбедувањето.
Полициската управа во Лос Анџелес по инцидентот објави дека напаѓачот е уапсен поради напад со ладно оружје.
Причината за нападот сѐ уште не е позната.
Шапел подоцна се осврна на инцидентот и јавно му се заблагодари на актерот Џејми Фокс.
„Секогаш кога сте во неволја, Џејми Фокс ќе се појави во шерифска капа и ќе ве спаси“, рекол Шапел.
Фокс го искористил моментот да им се обрати на публиката и на Шапел.
– Слушај, само сакам да кажам, овој човек е апсолутен гениј. Мора да се погрижиме да го заштитиме во секој момент – изјави Фокс.
„За секој комичар што ќе дојде овде ова значи сѐ. Ти сте гениј. Ти си легенда. Уживав и нема да дозволиме ништо да ти се случи“, додал Фокс.
Шапел настапи како дел од Netflix Is A Joke Fest, фестивал на комедија во Лос Анџелес организиран од гигантот Netflix.