More

    Комеморација во МНР за починатата Илинка Митрева

    spot_img

    Во Министерството за надворешни работи утре ќе се одржи комеморација по повод смртта на поранешната министерка за надворешни работи Илинка Митрева. Комеморацијата ќе се одржи во амфитеатарот на Министерството, со почеток во 10:00 часот

    Илинка Митрева, поранешна пратеничка од редовите на СДСМ и министерка за надворешни работи, почина  на 31 јули во Скопје, на возраст од 72 години.

    Д-р Митрева беше професорка по француска книжевност на Катедрата за романски јазици и книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје, и пратеничка од 1994 до 2001 каде беше претседателка на собраниската Комисија за надворешна политика и шефица на Делегацијата на Македонија во Парламентарната димензија на Централно европската иницијатива, шефица на собраниската Група за соработка со Европскиот Парламент и членка на Иницијативниот одбор за создавање клубови на НАТО. Министерка за надворешни работи беше во 2001 и потоа од 2002 до 2006. Митрева трипати беше одликувана со француски ордени за нејзините особени заслуги во развојот на односите меѓу Македонија и Франција.

    Д-р Митрева ќе остане запаметена како голема дама на македонската дипломатија, исклучителна по својата  ерудицијата и префинети манири.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img