More

    Кои сè оружја од 50 земји ќе бидат договорени за Украина?

    spot_img

    Единаесет земји вчера во главниот град на Естонија направија „ветување“ дека значително ќе ѝ помогнат со тенкови и друго оружје на Украина. Тие рекоа дека денеска ќе се состанат во клучната база Рамштајн во Германија, но овојпат во поголем состав. Официјалните лица на повеќе од 50 земји ќе разговараат за конректното оружје. Ќе успеат ли САД да го убедат новиот германски министер за одбрана да ги испрати тенковите „Леопард“?

    Додека Германија постави услови на САД дека ќе ги испрати тенковите ако и само ако САД ги испратат своите тенкови „Абрамс“, Американците решија да направат нов пакет со зголемена помош. Тој вклучува оклопни возила, системи за противвоздушна одбрана и десетици илјади проектили и муниција, а ќе биде вреден 2,5 милијарди долари. Вклучени се 59 борбени возила „Бредли” и 90 возила „Страјкер”, соопшти Стејт департментот.

    Еве нешто од што земјите во Талин веќе предложиле да испратат, а за што денеска ќе зборуваат во „Рамштајн“ :

    Велика Британија – 600 проектили „Бримстоун“ и 14 борбени тенкови „Чаленџер“(Предизвикувач)

    Данска – 19 самоодни хаубици Цезар од француско производство

    Естонија – хаубици, муниција, помошни возила и фрлачи на противтенковски гранати

    Латвија – системи за воздушна одбрана „Стингер“, два хеликоптери и беспилотни летала

    Литванија – противвоздушни пушки и два хеликоптери

    Полска – противвоздушни пушки С-60 со 70.000 парчиња муниција

    Чешка – произведува дополнително муниција од голем калибар, хаубици и АПЦ

    Холандија – поддршката се очекува да биде детална во петок

    Украинскиот претседател Володимер Зеленски упати директен апел до Германија да обезбеди тенкови пред тековните разговори.

    – Ако имате „Леопард“ (тенкови), тогаш дајте ни ги – изјави Зеленски за германската државна телевизија.

    – Овие леопарди нема да поминат низ Русија. Ние се браниме – додава тој охрабрувајќи ги Германците.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img