More

    Ковид-19 може да предизвика штета на многу органи, а меѓу нив е и пенисот

    spot_img

    Ковид-19 може да предизвика штета на многу органи, а меѓу нив е и пенисот како што открија научниците. Но има еден постковид синдром кој повеќе загрижува и се јавува кај голем број на пациенти.

    Д-р Свапна Мандал, пулмолог од Англија забележала дека овој проблем се јавува кај 11 отсто од пациентите кои биле болнички третирани, а овој процент се зголемува доколку пациентот бил на интензивна нега на 35 отсто. Последиците можат да се јават во тек од девет недели после прележувањето.

    Во прашање е посттрауматскиот синдром кој се должи на лечењето, посебно на оние со потешка слика.

    „Пример е лежењето во кревет за време на интимните односи, па дури и лежењето на стомак при масажа. Ова се јавува особено кај пациентите кои имале намалување на нивото на кислорот па биле преместувани во таа позиција. На многумина вака можат да им се вратат непријатните спомени од лечењето“ се наведува во истражувањето.

    „Траумата која ни се случува е забележана во мозокот и иако знаеме дека е помината сепак нашата меморија се навраќа на трауматичните искуства. Ова може да го активира делот за борба или бегство, дел од мозокот кој е задолжен за преживување“ објаснува докторката.

    Меѓу симптомите се тахикардија, нервоза, умор, болки во мускулите, вкочанетост итн. Пациентот може да има и напади на тресење и потење.

    Докторите се едногласни дека доколку ги имате овие симптоми мора да побарате лекарска помош.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img