More

    Ковачевски: Jас не посочив ниту еден медиум конкретно и тоа може лесно да се потврди преку видео-записот од прес-конференцијата, но доколку некој се препознал во тоа што го кажав и ако е тоа вистина и притоа има потреба од извинување, тогаш го има моето извинување

    spot_img

    Jас не посочив ниту еден медиум конкретно и тоа може лесно да се потврди преку видео-записот од прес-конференцијата, но доколку некој се препознал во тоа што го кажав и ако е тоа вистина и притоа има потреба од извинување, тогаш го има моето извинување, изјави премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање за тоа дали ќе се извини за етикетирањето на две телевизии.

    – Никогаш од претходно не било договорено со уредник или новинар какво прашање да ми се постави, не било договорено што не треба да ме прашаат новинарите. Никој од партијата којашто ја предводам или Владата не доставил готов прилог да биде прочитан во вести. Ниту некој министер, ниту јас лично сум се јавил на уредник, сопственик, по кој редослед да се емитуваат прилозите во вестите. Немало настан или средба со медиуми на која не сум одговорил на прашање – изјави премиерот и додаде дека нема дилема во транспарентниот пристап кон медиумите.

    Додаде дека уште од првиот ден се залагаат медиумите да работат слободно и независно и да бидат професионални.

    – Тоа сме го докажале и покажале преку емпириски показатели за транспарентноста на Владата и институциите, преку извештаите на меѓународните институции задолжени за мерењето на слободата на медиумите и транспарентноста на Владата. Стојам зад тоа дека треба да продолжи унапредувањето на демократијата и медиумите да продолжат да бидат растеретени од какви било влијанија – заклучи Ковачевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img