More

    Ковачевски ја обвини опозицијата за деструктивност

    spot_img

    Премиерот Димитар Ковачевски денеска одговара на пратенички прашања во Собранието на Република Македонија, а во завршниот коментар на неговото излагање тој ја обвини опозицијата за деструктивно однесување.

    – Народот е свесен за деструкцијата која што произлегува од опозицијата што во моментов ја има. Ако се погледнат снимките само од вчерашниот ден, каде пратеник што во моментов додека зборам ми се смее, со мобилен телефон ја снима претседателката на комисијата за политички систем на 15 сантиметри од нејзиното деколте, јас се прашувам што ќе ѝ прави на таа снимка тој – истакна Ковачевски, коментирајќи го вчерашшото искуство на  кажа Ковачевски претседателката на Комисијата за политички систем Снежана Калевска-Ванчева од СДСМ.

    Комисијата ги разгледуваше измените на Законот за работни односи со кои им се овозможува на судиите и обвинителите продолжување на мандатот до избор на нови без оглед на тоа што исполнуваат услови за пензионирање, а тензичната атмосфера ескалираше кога пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се обидуваа да ѝ го исклучат микрофонот на Калевска-Ванчева за да не ја заврши седницата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img