More

    Ковачевски: Северна Македонија ќе треба да направи доста законски па и уставни измени

    spot_img

    Уставните измени се носат во Собранието, а при зачленувањето во ЕУ, што е пат кој треба да се изоди, и тоа особено во областите на влеадеење на правото и управувањето со институциите, Северна Македонија ќе треба да направи доста законски па и уставни измени, рече премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Тетово.

    – Дури и при влегувањето во ЕУ повторно се прават уставни измени со цел дел од надлежностите што се на Република Северна Македонија да се предадат на Европската унија бидејќи влегуваме во сојуз со други 27 држави. Затоа пратенците што ги претставуваат граѓаните, треба да бидат на ниво на својата задача и сите одлуки кои треба да се носат во однос на зачленувањето во ЕУ, вклучително и законски и уставни измени, да ги носат во интерес на сите граѓани – истакна Ковачевски.

    Тој повтори дека најавата за референдум е исклучиво за внатрепартиски прашања во ВМРО-ДПМНЕ.

    – Референдумот што го бара Христијан Мицкоски е само за внатрешна партиска и политичка употреба во ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи е против зачленување во ЕУ и тоа барање е нерелевантно. Почнавме преговори со ЕУ и нема враќање назад – додаде тој.

    Ковачевски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ беше партија која беше против членството во НАТО, а сега заедно со новиот коалициски партнер Левица се единствените партии што се против членството во ЕУ и тоа го покажаа и во Собранието кога се гласаа Заклучоците кои обезбедија почеток на преговорите со ЕУ.

    Денеска официјално започна локалната кампања за избор на членови наСоветот на општина Тетово. Затоа, Ковачевски ги повика тетовци да излезат на вонредните избори на 20 август, да го искористат своето право и да дадат глас за советничката листа на СДСМ.

    Советничката листа на СДСМ е предводена од носителот Глигорие Стојаноски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img