More

    Ковачевски сака да верува дека конференција сепак ќе има

    spot_img

    Во овој момент не постои документ што е заеднички прифатлив за двете страни и кој може да претставува основа за решение. Нема да има никави отстапки, со оглед на тоа дека разговорите и решението мора да се засноваат на европски вредности, на меѓусебно почитување помеѓу политичарите, институциите и граѓаните од двете држави и задржување низ разговорите на достоинството на граѓаните на двете држави, порача премиерот Димитар Ковачевски на денешната заедничка прес-конференција со српската премиерка Ана Брнабиќ, одговарајќи на новинарско прашање на какви отстапки е подготвен за да се реши прашањето со Бугарија и дали планира средба со бугарскиот премиер Кирил Петков.

    – На крајот треба да има прифатливо решение за двете држави, кое ќе биде основа за градење добри меѓусоседски односи, меѓутоа и градење на иднината на регионот во ЕУ – беше дециден Ковачевски, додавајќи дека имаме Декларација изгласана во Собранието, поддржана од сите политички партии и таа е основа за нашиот преговарачки тим.

    – Јас со датум не се врзувам од првиот ден кога станав премиер, до денес. И првиот ден истакнав дека нам ни е потребно брзо решение, но не избрзано решение. Зошто брзо решение, бидејќи Северна Македонија 17 години има кандидатски статус и постои опасност за еден процес што е толку долг, да се намали довербата во него, не од страна на институциите, туку од страна на самите граѓани. Втора работа е што во услови на постојното, ново, после војната во Украина, геостратешко вложување во Европа, проширувањето на ЕУ не претставува само економско или политичко прашање, туку претставува и безбедносно прашање. И од таа причина сметам дека ЕУ треба час поскоро да одреди датум за отпочнување преговори со Северна Македонија – изјави Ковачевски.

    Во однос на изјавата на потпретседателот на Европската комисија Борел, премиерот Ковачевски потенцира дека сака да верува оти на тој начин и преку такви изјави ќе се влијае процесот да добие на интензитет.

    – Но, сакам да верувам дека ќе се премине од изјави и декларации на навистина оперативна имплементација на организирање на прва меѓувладина конференција за Северна Македонија и за Албанија – додаде премиерот Ковачевски.

    Тој информира дека со премиерот Петков се виделе во Александрополис и како премиери имаат комуникација што не се сведува само на отворени политички прашања, туку има и многу други прашања кои ја засегаат соработката меѓу двете држави. Комуникацијата меѓу нас како премиери, истакна Ковачевски, е на високо ниво во однос на соработката што треба да ја имаат две соседни држави.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img