More

    Ковачевски: Ни преостана уште членството во ЕУ

    spot_img

    Премиерот на Република Македонија Димитар Ковачевски, во рамките на официјалната програма на годинешната Минхенска безбедносна конференција, имаше свое обраќање на дебатата на тема „Не гледај раздвоено – Цртање на пат за ЕУ и Западен Балкан“ („Don’t look decoupled – Charting a Path for the EU and Western Balkans“).

    Покрај премиерот, панелисти на оваа тематска дебата беа и премиерот на Албанија Еди Рама, потпретседателот на Европската Комисија и висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и генералната секретарка на ОБСЕ Хелга Шмит.

    – Минатата година Северна Македонија ја одбележа 30 годишнината од својата независност. Празнувањето имаше посебно значење бидејќи овој значаен јубилеј го дочекавме како полноправна, триесетта членка на НАТО. Членството во Северно-атлантската алијанса е остварување на една од нашите најважни стратешки цели, преку која континуирано обезбедуваме сигурност, стабилност и безбедност за државата и за граѓаните. Членството во НАТО е израз на нашиот суверен избор и нашата силна општествена согласност да станеме целосно интегрирани во демократскиот свет. Наша еднакво важна стратешка цел, покрај членството во НАТО, е секако членството во ЕУ – порача премиерот.

    Модератор на дебатата беше министерката за Европска Унија и устав на Австрија Каролина Едштадлер, а дебатата ја проследија премиерите на Бугарија и Косово Кирил Петков и Албин Курти, претседавачот на Минхенската безбедносна конференција Волфганг Ишингер, специјалниот пратеник на ЕУ за Западен Балкан Мирослав Лајчак, специјалниот пратеник на Обединетото Кралство за Западен Балкан Стјуарт Пич, генерална секретарка на Регионалниот совет за соработка Мајлинда Брегу, како и повеќе други гости и учесници на конференцијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img