More

    Ковачевски: Ние сме безбедни, ама нѐ очекува неизвесна економска година

    spot_img

    Премиерот Димитар Ковачевски денеска во вонредно обраќање до јавноста порача дека владата е подготвена да ја заштити домашната економија од предизвиците со коишто се соочува светот.

    Тој наведе дека внимателно се следи состојбата во Украина, а агресијата ја оцени како закана за европскиот и светскиот мир, но и за глобалната економија.

    – Многу внимателно ја следиме состојбата во Украина. Безбедносната состојба во нашата земја е стабилна и во овој момент не постои директна закана за безбедноста врз Северна Македонија. Покрај безбедносната состојба, одблиску ги следиме и промените во светските економски текови кои се дестабилизирани од новонастанатата состојба во Украина. Владата како и досега ќе делува максимално одговорно и во најдобар интерес на заштита на домашната економија и финансиската состојба на граѓаните. Јас ќе сторам сѐ што е потребно со цел последиците од конфликтот во Украина да бидат што е можно помали и послаби – истакна Ковачевски.

    Според премиерот, најголемите предизвици за државата се економските.

    – Поради воените дејствија, глобалната економска и енергетска криза се продлабочува. Нѐ очекува неизвесна година, каде економијата во Европа и во светот ќе претрпи штети. Ги следиме одблиску промените во светските економски текови и ќе делуваме во интерес на заштита на домашната економија и финансиската состојба на граѓаните. Владата ги овозможи сите ресурси и енергија да се пренасочат кон справување со кризата и економска поддршка за граѓаните и стопанството. Ги покачуваме платите, ќе се покачат пензиите и финансиски ги поддржуваме компаниите. Владата ќе работи за заштита на економијата, на животниот стандард на граѓаните, а секој денар од буџетот ќе биде насочен за полесно да го пребродиме овој бурен период од нашата историја – рече Ковачевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img