More

    Ковачевски и Агелер разговарале за конкретни чекори за борба против злото

    spot_img

    Намалувањето на корупцијата влијае врз развојот на државава во сите сфери. Корупцијата продолжува да го кочи напредокот на државата со тоа што влијае врз забавувањето на економскиот раст.

    Ова го изјавила амбасадорката на САД во земјава, Анџела Прајс Агелер, на средбата со претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски.

    „На средбата се потврди долгогодишното стратешко партнерство помеѓу Северна Македонија и САД, како и силната поддршка за евроинтеграциите на Република Северна Македонија. Амбасадорката на САД, Агелер упати јасна порака дека Соединетите Американски Држави и понатаму ќе бидат искрен партнер и пријател на државава, кои ќе даваат поддршка и за реформските процеси на државата со цел да се обезбеди подобар живот за граѓаните“, се вели во соопштението од Владата.
    На состанокот се разговарало и за конкретните чекори кои државата ги презема во борбата со корупцијата.
    Премиерот Ковачевски посочил дека судството и обвинителството треба да функционираат независно, а случаите на коруптивни пракси треба да се пријавуваат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img