More

    Ковачевски: Имаме јасен патоказ за начинот на пристапување

    spot_img

    Премиерот Димитар Ковачевски го повтори ставот дека алтернативата на Северна Македонија е во Европската Унија, исто како и стремежите на Република Албанија и Република Србија, иако процесот и времетраењето на самиот процес од 17 години го намали кредибилитетот на Унијата во Северна Македонија. Ковачевски ова го изјави во интервју за Радио телевизија Србија говорејќи за проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан.

    -Конечно минатиот месец Северна Македонија ја одржа првата Меѓувладина конференција, го одржавме и првиот скрининг состанок, веќе имаме распоред финализиран во однос на одржувањето на билатералниот скрининг кој започнува на 15-ти септември. Многу скоро во текот на наредните денови Северна Македонија ќе ја официјализира и претстави преговарачката структура во однос на се она што се потребно да се направи во тој билатерален скрининг. Веќе се екипираат структурите во Секторот за европски интеграции во Секретаријатот за европски прашања, рече Ковачевски, соопшти владината прес-служба.

    Според него, Северна Македонија има јасен патоказ на кој начин ќе се одвива пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија. Надминати се, како што посочил Ковачевски, одделни прашања и дилеми и во преговарачката рамка стои чист македонски јазик, загарантиран е идентитетот на македонскиот народ и целиот преговарачки процес, а историските прашања се дел од работата на Историската комисија и не се дел од преговарачкиот процес.

    – Она што ние го имаме како обврска на тој пат, што впрочем го имаа и голем број на други земји е уставно прилагодување со тоа што Северна Македонија има уште една дополнителна активност, која треба да ја направи, а тоа е вклучување на делови од други народи кои живеат во нашата држава и тука веќе таква заинтересираност имаат изразено хрватскиот, црногорскиот, бугарскиот народ меѓутоа и други како што е еврејскиот, кој веќе искажа желба да бидат дел од Уставот – изјави Ковачевски.

    Истакнувајќи дека тој самиот смета дека ова е добро, бидејќи постојат држави во ЕУ коишто имаат и по 25 делови од народи во својот Устав, а ние веќе имаме други народи во Уставот како што се српскиот народ, влашкиот, албанскиот, ромскиот и така натаму.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img