More

    Ковачевски денеска ѝ порача на ВМРО-ДПМНЕ контактите за набавка на евтина струја да ги достави до АД ЕСМ или до Министерството за економија

    spot_img

    Премиерот Димитар Ковачевски денеска ѝ порача на ВМРО-ДПМНЕ контактите за набавка на евтина струја да ги достави до АД ЕСМ или до Министерството за економија.

    – Тоа се адресите до кои опозициската партија треба да се обрати ако навистина има такви контакти и ако сака да помогне – рече Ковачевски, одговорајќи на пратеничко прашање.

    Во неговиот кабинет, како што истакна тој, нема архива за прибирање понуди, ниту, пак, може да доѓаат пратеници или министри со некакви контакти.

    Претходно, на брифинг со новинарите, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски обелодени детаљи за индицираните понуди за набавка на 200.000 тони за ТЕЦ Неготино и 250 милиони кубни метри гас за гасната централа ТЕ-ТО, со кои значително ќе се ублажи енергетската криза во Македонија и ќе се заштедат најмалку 300 милиони евра. Мицкоски ги повика Владата и бизнис заедницата да ги искористат ресурсите што се на располагање и да реагираат брзо, уште оваа недела.

    Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го повика премиерот Димитар Ковачевски на дебата во врска со предлогот на опозицијата партија за надминување на енергетската и топлинскатa криза. Мицкоски рече Ковачевски да го одбере местото и часот за дебата, а потоа на новинарско прашање одговори дека, исто така, бара и средба со Владата.

    Одговарајќи на пратенички прашања во парламентот, премиерот Ковачевски нагласи дека секоја помош во овие услови е добредојдена и ќе се почитува. Воедно, тој повтори дека на 15 октомври ќе почне грејната сезона во Скопје и дека парно ќе има.

    – Нека се достават тие контакти за евтина струја во архивата на АД ЕСМ или до министерот за економија, за да видиме какви се понудите, какви се условите за испорака, која е според меѓународните стандарди точката за преземање на енергенсите и ако понудата е најдобра, ќе биде прифатена. Секоја помош во овие услови е добредојдена, никој не одбива ништо. Ако навистина постојат такви контакти, тоа се адресите: ЕСМ и Министерството за економија. Министерот Бектеши е на располагање и во текот на вчерашниот ден тој веќе имал контакти. Кај мене во кабинетот нема архива за понуди од компании. Во ЕСМ има отворена постапка и за јаглен и за мазут и за гас. Секој што има понуда за овие енергенси, веднаш може да ја достави таму, доколку одговара на условите – објасни премиерот Ковачевски.

    Осврнувајќи се на мерките кои се преземаат за полесно справување со енергетската криза, Ковачевски уште еднаш повтори дека се во тек преговорите со Србија и со Турција за обезбедување енергенси.

    Премиерот ги спомна и синоќа донесените одлуки на Економско-енергетскиот совет, според кои сите училишта во земјава се ставаат на регулираниот пазар, а болниците ќе добиваат поевтина струја преку ЕВН продажба.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img