More

    Ковачевски: Дали оваа криза во Украина ќе го забрза отворањето на пристапните преговори на нашата држава со ЕУ, од оваа перспектива не може да се даде конкретен одговор

    spot_img

    Во однос на тоа дали оваа криза во Украина ќе го забрза отворањето на пристапните преговори на нашата држава со ЕУ, од оваа перспектива не може да се даде конкретен одговор. Она што знам е дека нашиот дел од работата во билатералните односи со Бугарија го работиме, работните групи во економските сектори, културата, образованието, работат на неделно ниво. Министерствата за надворешни работи работат на отворените политички прашања, и штом ќе имаме документ прифатлив за двете страни, тој ќе биде споделен со јавноста.

    Ова е одговорот од премиерот Димитар Ковачевски на новинарско прашање дали мисли дека по поднесеното барање од Украина заедно со Грузија да стане земја кандидат за членство во ЕУ и актуелната ситуација, ќе има влијание околу политичките одлуки на ЕУ во смисла на долгогодишни политики и кон Западниот Балкан и кон Северна Македонија.

    Ковачевски нагласи дека на сите средби со високи претставници на ЕУ во Брисел и во Минхен на безбедносната конференција, со претставници на НАТО и на Унијата, добил недовосмислена поддршка за нашата евроинтеграција.

    За обвинувањата од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во овој процес, премиерот Ковачевски информира дека опозицијата била поканета да учествува во преговорите, но дека одбила.
    – Кај нас опозицијата никогаш не учествувала во ниедна стратешка одлука за нашата држава. Беа против влез во НАТО, за на крајот тој договор да стане реалност. Јасно е дека нашите преговарачки тимови ги водат преговорите во рамки на резолуцијата едногласно донесена во републичкото Собрание. Македонскиот јазик и идентитетот, по секоја основа на македонскиот народ воопшто не се предмет на разговори, ниту пак ќе бидат предмет на разговори. За сѐ друго што се разговара, јавноста ќе биде информирана кога за тоа ќе постои договор од двете страни – истакна Ковачевски во денешното интервју за Утрински брифинг.

    На прашањето дали смета дека треба да се интензивираат средбите со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, тој потенцира дека сите политичари имаат одговорност, државата да напредува во евроинтеграциите, да има стабилен економски систем, а граѓаните да бидат заштитени од економската криза.

    – Во Собранието нормално дека постои дијалог. И вчера кога сите политички партии ја поддржаа резолуцијата во однос на Украина, освен Левица која е коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ и тие треба да се изјаснат дали го делат ставот на својот коалиционен партнер. Во однос на тие прашања постои политички дијалог – рече Ковачевски.

    Прашан дали има простор за средба со Мицкоски, премиерот истакна дека секогаш постои простор да се разговара за сите најважни прашања и кога ќе се укаже прилика за таква работа, рече, кога ќе треба да бидат ставени на маса, ќе се разговара.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img