More

    Ковачевски даде збор пред учесниците на Самитот на ЕУ во Тирана

    spot_img

    Премиерот Димитар Ковачевски денеска пред учесниците на Самитот на ЕУ и Западен Балкан во Тирана порача дека Северна Македонија продолжува посветено да работи на скрининг процесот и оти очекува наскоро да ги направи уставните измени со кои, како што вели, уште еднаш ќе покаже највисок степен на демократија и почитување на основните човекови права.

    Тој со лидери од Западен Балкан говореше на втората панел дискусија на Самитот за Западен Балкан – Европска Унија во Тирана, посветена на европските перспективи на регионот, заедничките заложби за демократијата, мирот и стабилноста на регионот и во цела Европа, како и меѓусебната поддршка во справувањето со економската и енергетската криза.

    Премиерот Ковачевски истакна дека мирот и стабилноста на Балканот се предуслов за мир и стабилност на цела Европа и порача дека сите заеднички цел регион треба да се залага да се постигне оваа цел.

    – Работејќи заедно на оваа важна цел, земјите од Западен Балкан, како земји од доверба на ЕУ обезбедуваат сигурна иднина како за граѓаните, така и за развој на економиите и просперитет во државите. Република Северна Македонија и Република Албанија ги започнаа преговорите со ЕУ за полноправно членство на ЕУ и продолжуваат посветено да работат на скрининг процесот со сите свои капацитети. Исто така Република Северна Македонија очекува наскоро да ги направи уставните измени со кои уште еднаш ќе покаже највисок степен на демократија и почитување на основните човекови права – рече Ковачевски, пренесе владината прес-служба.

    Според Ковачевски, потребна е силна и тесна соработка на целиот регион посебно во делот на енергетиката. За постигнување на амбициозните цели за енергетска транзиција и за надминување на предизвиците кои ни ги наметна економската и енергетската криза, како што укажа, потребно е фокус на изнаоѓање алтернативи за стабилно и континуирано снабдување со електрична енергија, но и насочување кон обновливи извори на енергија.

    Како што посочуваат од Владата, зелената агенда која ја спроведува Република Северна Македонија е нејзин важен двигател во контекст на енергетската криза во која се наоѓаме. Само во изминативе неколку месеци во Северна Македонија започна со работа најголемата досега фотоволтаична електрана, која произведува струја од домашни ресурси, од македонското сонце, а ги задоволува потребите на многу домаќинства. Од една страна, поедноставените процедури за поставување фотоволтаици овозможуваат посеопфатна и поширока нивна примена, додека пак сериозниот пристап кон инвестиции во областа на енергетиката со посебен фокус на обновливите извори на енергија од друга страна, овозможува интензивирање на енергетската трансформација на земјата, но и на регионот.

    На Самитот Ковачевски нагласи и дека Северна Македонија е првата земја во регионот на Западен Балкан која усвои Стратегија за развој на енергетскиот сектор заснована на столбовите на Зелениот договор на ЕУ. Република Северна Македонија е и првата земја која спроведува проект за замена на стара термоцентрала на јаглен во „Осломеј” во Кичево со фотонапонска централа, како конкретен чекор кон енергетската транзиција на Северна Македонија, покажувајќи силна иницијатива за декарбонизација на нашиот енергетски сектор. Ќе го спомнам и нашиот најзначаен проект за енергетска транзиција, во фаза на евалуација е изградбата на пумпно складиште хидроцентрала Чебрен, Црна Река, вредна над 800 милиони евра.

    Ковачевски, меѓу останатото, порача и дека е потребна голема поддршка преку достапни грантови и поволни заеми за новите проекти и да се работи на ефективни планови за праведна транзиција со достапни најдобри практики.

    Ковачевски ја предводи владината делегација во Тирана, во чиј состав се и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

    Фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img