More

    Ковачевски го почитува суверенитетот на Украина

    spot_img

    Премиерот Димитар Ковачевски денеска оствари телефонски разговор со неговиот украински колега Денис Шмигаљ, при што му ја изрази поддршката на Северна Македонија за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, соопшти владината Прес-служба.

    Како што се наведува во соопштението, премиерот Ковачевски порача дека Република Северна Македонија ја осудува одлуката на Руската Федерација за признавање на украинските региони Донецк и Луганск како самонаречени „Народни Републики”.

    „Во телефонскиот разговор со премиерот на Украина, Ковачевски ја оцени постапката на Русија како директен напад врз територијалниот интегритет и суверенитет на Украина и како флагрантно кршење на меѓународното право“, се додава во соопштението.

    Ковачевски на Шмигаљ му пренел дека Северна Македонија го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во меѓународно признатите граници, и дека, како и останатите НАТО сојузници, се приклучува кон повикот до Москва на решавање на конфликтот преку мирен и дипломатски пат.

    „Претседателот на Владата Ковачевски за време на разговорот потврди дека Северна Македонија е усогласена со надворешната и безбедносната политика на ЕУ и НАТО во однос на санкциите кон Руската Федерација, како одговор на нејзините непринципиелни постапки“, се нагласува во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img