More

    Ковачевски го заборави синдикатот?

    spot_img

    Законот за плати е нешто што го најавив уште изминатава година, а целта е воведување на конзистентност и хиерархиско усогласување на платите во различни сектори и помеѓу различни сектори. Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за труд и социјална политика имаа задача да изработат Закон за плати во кој ќе бидат адресирани овие прашања и истиот е поставен на ЕНЕР. По завршување на јавна расправа која ќе се одржи наредните недели, може да се пристапи кон изработка на финално закoнско решение, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски.

    Тој напомена оти смета дека новото законско решение ќе го поддржат сите претставници на политичките партии во Парламентот. 

    – Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за труд и социјална политика добија задача да изработат Закон за плати во кој ќе бидат адресирани прашањата за воведување на конзистентност и одредено хиерархиско усогласување на платите, согласно областите во кои се регулира. Тие го исполнија првиот дел од својата задача, подготвија законско решение кое е поставено на ЕНЕР и кое сега сите ќе можат да го разгледаат – рече Ковачевски одговорајќи на новинарско прашање по средбата со Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија.

    Премиерот додаде дека во текот на наредните недели Министерството за информатичко општество, вклучително Министерството за труд и социјална политика и Министерството за финансии ќе организираат јавни расправи со сите заинтересирани страни, вклучително и Економско социјален дијалог, каде ќе учествуваат и претставниците на Синдикатот, за да се дојде до финално решение кое ќе биде поздравено од сите засегнати страни, вклучително и на работодавецот, работниците и на граѓаните кои плаќаат даноци.

    – Кога ќе ги имаме сите коментари, тогаш ќе може да се пристапи кон изработка на финално законско решение, кое сметам дека ќе го поддржат сите претставници на политичките партии во Парламентот – додаде Ковачевски.

    Тој рече дека стандардот на пензионерите никогаш не бил вака штитен како што е денес.

    Премиерот најави дека пензионерите на своите сметки утре ќе ја добијат втората исплата на финансиската поддршка за пензионерите со пониски пензии од 14 илјади денари, од вкупно четири исплати, односно финансиска поддршка во времетрање од четири месеци.

    Минатиот месец, посочи, со исплатата на декемвриската пензија финансиска поддршка од 1.500 денари добија 62.951 лице, чија пензија е до 11.525 денари и по 750 денари добија 65.704 лица, со износ на пензии од 11.526 до 14.000 денари.

    – Ова не е единствена финансиска поддршка за пензионерите предвидена со антикризни мерки. Финансиска помош во вкупна вредност од 3.000 денари добија 330 илјади пензионери за месеците март, април и мај во 2022 година – додаде премиерот.

    Тој напомена и дека пенизонерите во 2023 година влегоа со повисоки пензии за околу 10 проценти.

    – Ова е историско покачување на пензиите и тоа за период од само една година. Следува ново усолгасување на пензиите за два месеци во 2023 година во март, според трошоците за живот и пораст од над просечната плата. За една календарска година растот на пензиите ќе биде околу 16 проценти и тоа календарска година која не е изборна година – рече Ковачевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img