More

    Ковачевски вели дека барањата на синдикатите ќе се разгледуваат од сите аспекти на кризата

    spot_img

    Владата ќе остане посветена на изнаоѓање решенија за сите прашања што ги отворија синдикатите, истакнува во интервју за МИА, претседателот на Владата Димитар Ковачевски.

    – Синдикатите бараат уште повеќе зголемување на платите. Ние нормално дека разговараме со нив, сите одлуки до сега беа носени низ социјалниот дијалог со синдикатите. Меѓутоа, треба да ги имаме предвид сите аспекти на економијата, а ние сме во секојдневна комуникација и неделна координација со Народната банка, бидејќи не смееме да дозволиме одредени мерки коишто би се носеле од фискалната политика да влијаат негативно на монетарната политика и да ја подгреваат инфлацијата – нагласува премиерот Ковачевски.

    Се работи за исклучително тешка економска криза, најголема после Втората светска војна, нагласува Ковачевски, и додава дека Владата сите ресурси ги насочила за справување со неа, со намалување на тековните трошоци во буџетот, со ограничување на непотребните трошења како што се трошоци за репрезентација, трошоци за набавка на возила, на мебел и така натака, освен она што е најнеопходно за образование, за војската, сѐ со цел да се ослободат финансиски средства за граѓаните и особено за оние коишто се најранливи.

    – Јас знам дека нашите граѓани ја чувствуваат кризата, се работи за исклучително тешка економска криза. Ние сите ресурси ги имаме насочено кон справување со неа. Презедовме мерки за да ја одржуваме ликвидноста на компаниите и ликвидноста на енергетскиот сектор и како држава одлучивме 80 проценти од сметките за електрична енергија да ги субвенционираме, бидејќи сметаме дека не смее ценовниот шок да се прелее кај граѓаните. Само за споредба доколку не се тие мерки, цената на електрична енергија, односно сметките за струја на граѓаните би биле за 2.150 денари повисоки, сметките за храна би биле повисоки за 1.500 денари месечно доколку не беа ограничувањата на маржите и намалувањето на ДДВ, а нафтените деривати би ги плаќале само на основ на ДДВ, без намалувањето на акцизата, 300 денари повеќе и сметам дека граѓаните тоа го препознаваат – вели Ковачевски во интервју за МИА.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img