More

    Ковачевски: Апел до СОНК за брзо и целосно прифаќање на договорените условите и одговорност

    spot_img

    Синоќа на својот Фејсбук профил, претседателот на Владата Димитар Ковачевски упати апел до СОНК за брзо и целосно прифаќање на договорените условите и одговорност.

    „Успеавме да постигнеме значаен договор за вработените во образованието и покачување на платите од дури 15 отсто, почнувајќи од септемвриската плата.

    Ова зголемување на платите е најголемото досега и заедно со досегашните 21 отсто зголемување е историски најголемата поддршка на вработените во образованието. До пред само 5 години, максималното зголемување на платите беше 4 отсто, без глобални кризи.
    Сега, во услови на најголема економска и енергетска криза, покрај огромното процентуално зголемување, на вработените во образованието, преку колективните договори ќе им се овозможи и усогласување со минималната плата како и други придобивки.  Воедно, ќе се дефинира методологија за континуиран раст на платите со што ќе се заштити стандардот на наставниците и ќе се овозможи континуирано зголемување на плата без потреба од дополнителна владина, институционална или политичка интервенција.
    Апелирам до СОНК за брзо и целосно прифаќање на договорените условите и одговорност. Да може институциите да продолжат со конкретни активности за спроведување на овој историски раст на платите во образованието“, напишал премиерот.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img