More

    Кијану Ривс се појавил во паб и со еден гест ги воодушевил вработените

    spot_img

    Кијану Ривс повторно ја оправда титулата за најљубезен и најскромен холивудски актер кога се појавил во еден британски паб и со своето доаѓање ги воодушевил сите присутни, особено вработените.

    Актерот во моментов престојува во гратчето Тринг, а слободното време одлучил да го искористи за да посети еден локален паб и на тој начин ги изненадил вработените кои ја споделиле приказната на фејсбук-страницата на пабот.

    „Денеска имавме изненадувачки гостин на ручек. Колку мил човек. Го прашавме дали би сакал да се фотографира со екипата од кујната, а тој веднаш влезе во кујната, се ракуваше со сите и ја пофали храната. Непотребно е да речам, ми го подобри денот“, напишале тие.

    Вработена во пабот за британски „Метро“ открила и дека актерот нарачал пиво, риба со компирчиња и парче пита со месо и дека бил сам.

    Веќе сите знаат дека Кијану Ривс не живее типичен живот на славните личности. Имено, и покрај огромното богатство, актерот не живее во огромна вила, ниту има телохранители, а сака да се вози во метро и да им помага на бездомниците, со кои често пие и пиво.

    Ривс е познат како многу скромен човек кој со своето однесување ги воодушевува обожавателите. Без разлика дали се поклонува на сцената или начинот на кој се фотографира со обожавателите, холивудскиот актер секогаш одново ги воодушевува обожавателите со своите топли гестови.

    ФОТО: Фејсбук

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img