More

    Кинеската економија порасна и покрај построгите мерки за корона

    spot_img

    Кинеската економија закрепна во третиот квартал и покрај заострувањето на мерките за борба против Ковид-19, покажаа податоците на државната агенција за економско планирање во понеделникот.

    Во периодот од јули до септември, бруто домашниот производ (БДП) на Кина се зголеми за 3,9 отсто во споредба со истиот период минатата година, откако речиси стагнираше во летниот квартал.

    А, споредбата со претходните три месеци покажува пораст на активноста за 3,9 отсто, по пад на активноста за 2,6 отсто во периодот од април до јуни.

    Податоците требаше да бидат објавени на 18 октомври, но објавувањето беше одложено до крајот на конгресот на Комунистичката партија што се одржа минатата недела, обезбедувајќи му трет мандат на Кси Џинпинг како шеф на државата. Од Агенцијата не објавија официјално објаснување за доцнењето.

    Од крајот на мај, Пекинг воведе повеќе од 50 мерки за поддршка на економијата во услови на строги мерки за борба против новите бранови на ковид-19. Новите банкарски заеми се удвоија во септември во споредба со август, во голема мера ги надминаа очекувањата, благодарение на стимулативната политика на централната банка .

    Одделни податоци покажаа дека индустриското производство пораснало за 6,3 отсто во септември во споредба со истиот месец лани, по зголемувањето од 4,2 отсто во август.

    Прометот во продажбата на мало, пак, бележи раст кој е за половина слаб од август, за само 2,5 отсто.

    И покрај закрепнувањето, економијата се соочува со голем број предизвици, вклучувајќи политика на нулта толеранција во борбата против Ковид, проблеми во секторот на недвижности и забавување на глобалната економија поради зголемувањето на каматните стапки во клучните економии и украинската криза.

    Глобалното забавување се одрази и со послабиот раст на кинескиот извоз во септември, за 5,7 отсто во однос на истиот месец лани, по скокот од 7,1 отсто во август.

    Увозот речиси стагнираше, како и во август.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img