More

    Кинеската војска „избрка“ американски воен брод во близина на островите Парасел

    spot_img

    Кинеската војска „избрка“ американски воен брод во близина на островите Парасел
    Кина објави дека нејзината војска го „избркала“ американскиот разурнувач „Бенфолд“ бидејќи илегално влегол во кинеските територијални води, во близина на островите Парасел, во Јужното Кинеско Море.

    Американските бродови често вршат „слобода на навигациски операции“ во Јужното Кинеско Море, пркосејќи им на кинеските забрани.

    Според Ројтерс, Пекинг го обвинува Вашингтон дека намерно предизвикува тензии во регионот.

    Кинеската војска објави дека „Бенфолд“ сериозно го нарушил суверенитетот и безбедноста на Кина со навлегувањето во територијалните води околу островите Парацел, поради што биле распоредени бродови и авиони да го „следат, предупредуваат и избркаат“ американскиот разурнувач.

    Виетнам и Тајван, исто така, тврдат дека островите Парасел се нивна територија.

    Вашингтон одговори дека САД го штитат правото на секоја земја да лета, плови и оперира секаде каде што дозволува меѓународното право и дека Кина нема да ги одврати од тоа.

    Пекинг ја презеде контролата врз Параселските острови во 1974 година, од тогашната јужно виетнамска влада.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img