More

    Кинезите протестираат против локдаунот

    spot_img

    Пожар во зграда градот Ксинџијанг Урумчи во Кина во кој загинаа 10 лица ги натера луѓето од целата област да протестираат против заклучувањето поради ковид-19, пишува Ројтерс. Извикувајќи „Крај на заклучувањето!“ и „ Станете сите вие што не сакате да бидете робови“ Кинезите се судрија со чуварите на зградите незадоволни што локдаунот предизвикал зградата потешко да биде евакуирана бидејќи се сметало дека не треба да излегуваат од становите.

    Снимка од протестот го обиколи интернетот. Градот Ксинџијанг Урумчи имаше еден од најдолгите локдауни во земјата, дури 100 дена без излегување од дома. Но, без разлика на тоа, градот пријавил 100 нови случаи вкупно во последните неколку денови.

     

    Ксинџијанг е дом на 10 милиони Ујгури, малцинската група муслимани чии права се погазени во Кина. Групите за права и западните влади долго време го обвинуваат дека ги принудува Ујгурите на работа во логори за интернација. Кина силно ги отфрла таквите тврдења.

    За пожарот се огласија и властите во градот. Тие утринава пред новинарите негираа дека мерките за ковид-19 го попречиле бегството од зградата и спасувањето, но рекоа дека дополнително ќе го истражат случајот.

    Едно од официјалните лица рече дека жителите би можеле да избегаат побрзо ако подобро ја разбрале безбедноста од пожари.

    Кина регистрираше 34.909 дневни локални случаи, што е ниски според глобалните стандарди, но во земјата е трет рекорд по ред, при што инфекциите се шират во повеќе градови, а со тоа и заклучувањата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img