More

    Кинезите гневни, протестираат со бели А4 листови, полицијата апси

    spot_img

    Со бел лист во раката која преставува „сѐ што не смеат да кажат“ протестираат младите кинески студенти и граѓани во најмалку 10 градови низ земјата. Ова се луѓе се изморени од тримесечните локдауни, а дури и тие што остануваат во становите се гладни, пишува Кристијан Котарсски, вонреден професор од Факултетот за Политички науки  на Хрватска за Данас. Синоќа беше претепан новинар на Би-Би-Си „за негово добро, да не се зарази со ковид“, а Ројтерс дознава дека кинеските власти трагаат по организаторите на протестот кој изби викендов.

    Денеска протестите стивнаа бидејќи полицијата остана на улиците по градовите. Двајца демонстранти изјавиле за Ројтерс дека луѓе кои се идентификувале како полицајци од Пекинг побарале од нив да се пријават во полициска станица во вторник со писмени извештаи за нивните активности во неделата вечерта. Еден студент, исто така, рече дека луѓето биле прашани од нивниот колеџ дали биле во областа каде што се случил протестот и да дадат писмен извештај.

     

    – Сите ние очајно ја бришеме нашата историја на разговори (од нашите телефони) – изјавило друго лице кое било сведок на протестот во Пекинг, а кое сакало да остане анонимно.

    Лицето рече дека полицијата ги прашувала како слушнале за протестот и кој бил нивниот мотив да одат. Но, останува нејасно како властите ги идентификувале луѓето за да ги испрашаат за нивното учество во протестите, а исто така не е јасно колку такви луѓе имаа намера да испрашаат.

    „Сакаме демократија, а не диктатура“, се извикуваше на протестите и се носеа транспаренти со бели А4 листови.

    Дури работите отидоа дотаму што еден голем производител на хартија во Пекинг мораше да ги негира гласините дека престанал да продава  А4 хартија поради националната безбедност.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img