More

    Кина: Тврдењата на САД дека Русија побарала воена помош се дезинформации

    spot_img

    Кинеското Министерство за надворешни работи во понеделникот ја отфрли како „дезинформација“ изјавата на американските официјални лица дека Москва се обратила до Пекинг за помош со воена опрема за продолжување на инвазијата на Украина.

    Кина ги отфрли таквите тврдења на САД за време на редовниот брифинг за новинарите во понеделникот во Пекинг.

    Русија побарала воена опрема од Кина по нејзината инвазија на Украина на 24 февруари, објавија во неделата Financial Times и Washington Post, цитирајќи американски официјални претставници.

    Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан, кој во понеделник се состана со највисокиот кинески дипломат Јанг Јиечи во Рим, рече дека Пекинг „апсолутно“ ќе страда ако и помогне на Москва да ги избегне западните санкции наметнати од руската агресија врз Украина.

    Русија, која своите операции во Украина ги нарекува „специјална операција“, и Кина ја зајакнаа соработката бидејќи се под силен притисок на Западот околу човековите права и низа други прашања.

    Пекинг не го осуди рускиот напад и не го нарекува инвазија, туку повика на решение преку преговори.

    „Вашингтон пост“ наведува дека неидентификувани американски функционери не го прецизирале типот на оружјето што се бара или како Кина реагирала.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img