More

    Кина им одговори на САД за тајната станица во Камбоџа

    spot_img

    Пекинг проговори за извештајот на весникот „Вашингтон пост“ во кој се тврди дека тајно се гради кинеска поморска база во Камбоџа. Портпаролот на кинеското МНР Жао Лиџијан ги прозва САД дека имаат повеќе од 800 воени бази, додека „Кина и Камбоџа се стратешки кооперативни партнери кои имаат отворена, транспарентна, логична и легитимна соработка во различни сектори “, пишува Мондо.

    – Заедничката работа на Пекинг и Пном Пен беше „добар пример за изградба на нов тип меѓународни односи и заедница со заедничка иднина за човештвото. Соединетите

    Држави имаат повеќе од 800 воени бази во странство – рече тој.

    Жао, исто така, го осуди Вашингтон дека има најголем одбранбен буџет во светот, дека постојано учествува во војни во странство, дека се меша во внатрешните работи на други нации и дека испраќа воени авиони и воени бродови „да ги свиткаат мускулите на праговите на другите земји“.

    – Кој ја поткопува глобалната и регионалната безбедност и стабилност и шири дезинформации? Секој може да погоди – нагласи портпаролот.

    Весникот „Вашингтон пост’ во понеделникот, повикувајќи се на неименувани западни претставници, објави дека Кина тајно работи на изградба на објекти за својата армија во поморската база Реам во Камбоџа. Проектот се сметаше за дел од напорите на Пекинг да го зајакне своето присуство во Индо-Пацификот, кој Кина го гледа како своја „праведна и историска сфера на влијание“, велат изворите.

    Поморската база Реам се наоѓа западно од Јужното Кинеско Море, каде се преклопуваат територијалните претензии на Кина со неколку други земји.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img