More

    Кина ги покани европските дипломати да протестираат против изјавата за Тајван

    spot_img

    Кина соопшти дека поканила европски дипломати во земјата да протестираат против изјавите на Групата седум (Г7) и Европската унија кои ги критикуваа воените вежби на Кина над Тајван.

    Кинеското Министерство за надворешни работи објави дека заменик министерот Денг Ли поднел протест поради „мешање во внатрешните работи на Кина“.

    Кина испрати воени бродови и воени авиони и истрела проектили во Тајванскиот теснец, како дел од воените вежби кои почнаа вчера како одговор на посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајван претходно оваа недела.

    Кина го смета Тајван за своја територија која може да биде припоена со сила доколку е потребно.

    Утринава Кина испрати морнарички бродови и воени авиони преку централната линија во Тајванскиот теснец, објави тајванското Министерство за одбрана, со што ја премина неофицијалната тампон зона што постои меѓу Кина и Тајван со децении.

    Пет проектили истрелани од Кина како дел од вежбите паднаа во јапонската ексклузивна економска зона, кај Хатерума, остров јужно од главните јапонски острови, изјави јапонскиот министер за одбрана Нобуо Киши.

    Тој додаде дека Јапонија поднесе протест до Кина поради тие проектили како „сериозна закана за националната безбедност на Јапонија и безбедноста на јапонскиот народ“.

    Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска изјави дека кинеските воени вежби насочени кон Тајван претставуваат сериозен проблем кој го загрозува регионалниот мир и стабилност.

    Ненси Пелоси, која денеска е во Токио на крајот од нејзината азиска турнеја, рече дека Кина не може да ги спречи американските претставници да го посетат Тајван.

    Кинеското Министерство соопшти дека состанокот се одржал синоќа, но не прецизираат кои земји учествуваат, додека членки на Г7 се САД, Јапонија, Канада, Франција, Германија, Италија и Велика Британија.

    Кинеските воени вежби вклучуваат морнарички трупи, воздушни и ракетни сили, сили за стратешка поддршка и сили за логистичка поддршка, според кинеската официјална новинска агенција Ксинхуа.

    Тие се одвиваат во шест зони околу Тајван. Тие треба да траат до недела и вклучуваат ракетни напади врз цели во морето северно и јужно од Тајван.

    Тајван ја стави војската во готовност и одржа вежби за цивилна одбрана, но денеска атмосферата е мирна. Летовите беа откажани или пренасочени, а рибарите останаа во пристаништата за да ги избегнат кинеските вежби.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img