More

    Кина ги отфрли обвинувањата на НАСА дека сака да ја „преземе Месечината“

    spot_img

    Кинеските власти денеска ги отфрлија тврдењата на шефот на американската вселенска организација (НАСА), кој предупреди дека Кина може да се обиде да ја „преземе“ Месечината како дел од својата воена програма, пренесува Ројтерс.

    Кина ја интензивираше својата вселенска програма во изминатата деценија со фокус на истражување на Месечината. Првото кинеско вселенско летало без екипаж слета на Месечината во 2013 година, а земјата очекува да лансира ракети доволно моќни за да испрати астронаути на Месечината подоцна оваа деценија.

    „Мораме да бидеме многу загрижени поради тоа што Кина слетува на Месечината и вели: „Сега е наше, а вие држете се настрана“, изјави администраторот на НАСА Бил Нелсон за германскиот весник „Билд“ во интервју објавено во саботата.

    Според Ројтерс, директорот на американската вселенска агенција рекол дека кинеската вселенска програма е воена програма и дека Кина украла идеи и технологија од други.

    „Ова не е прв пат шефот на американската Национална аеронаутичка и вселенска администрација да ги игнорира фактите и да зборува неодговорно за Кина“, изјави Жао Лиџијан, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи.

    „Американската страна постојано конструираше оцрнувачка кампања против нормалните и разумни напори на Кина во вселената, а Кина цврсто се спротивставува на таквите неодговорни забелешки“, додаде тој.

    Тој подвлече дека Кина отсекогаш се залагала за изградба на заедничка иднина за човештвото во вселената и се спротивставувала на нејзиното вооружување и секоја трка во вооружување во вселената, рече тој.

    НАСА, како дел од својата програма Артемис, планира да испрати мисија со екипаж во орбитата на Месечината во 2024 година и да спушти екипаж во близина на јужниот пол на Месечината до 2025 година.

    Кина планира да испрати беспилотни летала на јужниот пол на Месечината оваа деценија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img