More

    Ким обвинува, вежбаат со Јужна Кореја и со Јапонија

    spot_img

    „Додека бесрамно одржуваат заеднички воени вежби со Јапонија и Јужна Кореја, Соединетите Држави преземаат целосен чекор за воспоставување НАТО во стилот на Азија“.

    Вака соопшти Министерството за надворешни работи на Северна Кореја, вчера, на својата веб-страница. Освен што државата ги обвинува САД за „азиското НАТО“, таа вели дека непоколебливата цел на САД да ја соборат владата на Северна Кореја ја принудила да развие посилна одбрана, пишува Ројтерс. Ссеверна Кореја годинава редовно тестира и испалува ракети во јужното јапонско море.

    Пјонгјанг е загрижен и за недамнешниот договор меѓу САД и Јужна Кореја да биде распоредено повеќе оружје во земјата за да го одврати Северот од воени дејствија. Американците одржаа вежби со јужнокорејските сили во кои учествуваше американски носач на авиони, за првпат по повеќе од четири години. Во меѓувреме, се шпекулира дека Северна Кореја го подготвува својот прв нуклеарен тест.

    „Ова го докажува лицемерието на американската реторика за „дипломатски ангажман“ и „дијалог без предуслови“, а во исто време повторно открива дека нема промена во амбициите на САД насилно да го соборат нашиот систем“, се вели во соопштението на Министерството.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img